Џафери и македонска делегација на молебен во базиликата „Сан Клементе“ во чест на Свети Кирил и на аудиенција кај папата Франциск

delegacija_rim_345354
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Државно – црковната делегација предводена од претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска ќе присуствува на молебен во базиликата „Сан Клементе” во Рим, каде што ќе положи венец на гробот на Св. Кирил.  Во попладневните часови Џафери ќе положи цвеќе пред спомен – плочата на македонски јазик во чест на Св. Кирил во базиликата „Санта Марија Маџоре”.


Традиционално делегацијата денеска ќе присуствува и на аудиенција кај Папата Франциск во Ватикан, по што Џафери ќе има средба и со државниот секретар на Светата столица кардиналот Пјетро Паролин.

Според агендата, Џафери ќе ја посети и изложбата на македонскиот уметник Решат Амети, која е поставена во амбадсадата на Светата столица.Kryetari i Kuvendit të Republikës së Maqedonisë së Veriut, Talat Xhaferi nga Roma paralajm,roi se nesër së bashku me një delegacion bullgar do të vendosin lule në bazilikën

Чествувањето на Св. Кирил во Рим ќе заврши со положување цвеќе во базиликата „Санта Марија Маџоре“ каде што се наоѓа спомен плочата на македонски јазик во чест на Св.Кирил. Џафери вчера најави дека цвеќе ќе биде положено заедно со бугарска делегација.

– Не можам да прејудицирам кои теми и прашања ќе се отворат на утрешната средба со бугарската делегација. Но, секако директната комуникација е добредојдена и мислам дека оди во полза на изнаоѓање евентуални можни позитивни решенија во однос на процесите што ги водиме, изјави Џафери по средбата со претседателот на Домот на пратениците на Италијанската Република, Лоренцо Фонтана.

Во четврток, на 25 мај, претседателот на Собранието ја завршува посетата на Рим и Ватикан со средба со претставниците од Центарот за изградба на светилиштето на Мајка Тереза. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK