Инзаги: Сигурно останувам во Интер

inzagi_3453534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Тренерот на Интер, Симоне Инзаги зборуваше за својата иднина во клубот од Милано.

 


– Останувам 100 проценти. Никогаш не се чувствував загрозен на тренерското место, имам договор, го цитира Инзаги новинарот Алфредо Педула.

 

Четириесет и седумгодишниот Инзаги стана тренер на Интер во 2021 година. Актуелниот договор на италијанскиот фудбалски стручњак истекува на крајот од сезоната 2023/24.

 

Под водство на Инзаги, Интер ги освои Купот и Суперкупот на Италија, а ќе игра финале во Лигата на шампионите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK