Џими Батлер казнет со 25.000 долари поради пропуштање на прес-конференција

dzimi_batler_3453534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – НБА го казни кошаркарот на Мајами хит, Џими Батлер со 25.000 долари затоа што одби да присуствува на прес-конференција по натпреварот број 3 од финалето на Источната конференција против Бостон.







 

Кошаркарот ги прекрши правилата на лигата кои ја регулираат комуникацијата со медиумите.

 

Мајами го доби натпреварот со 128:102 и поведе со 3:0 во серијата прв до четири.

 

Вечер во 2:30 часот по полноќ се игра четвртиот натпревар на кој домаќин е Мајами. Со евентуална победа „жешките“ ќе се пласираат во финалето каде ќе се соочат со Денвер нагетс.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK