Бостон не дозволи „метла“ од Мајами во финалето на Источната конференција

boston_majami_43534543
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Бостон селтикс ноќеска го совлада Мајами хит на гостински терен со 116:99 во четвртиот натпревар од полуфиналната серија на НБА-плејофот. Резултатот во серијата сега е 3:1 во корист на Хит.







Џејсон Тејтум со дабл-дабл ефект, 33 поени и 11 скокови го предводеше Бостон до триумфот со кој не му дозволија на противникот т.н. „метла“.

Петтиот натпревар ќе се одигра на 26 мај на теренот на Селтикс.

Пласман во големото финале веќе обезбеди Денвер нагетс кој во финалната серија на Западната конференција го совлада Лос Анџелес лејкерс со 4:0.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK