„Размисли за образованието“ нова книга на универзитетскиот професор Кирил Барбареев

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Универзитетскиот професор на Факултетот за образовни науки (ФОН) при Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) – Штип, Кирил Барбареев денеска ја промовираше книгата „Размисли за образованието“. Тој посочи дека во неа се опфаќаат повеќе секојдневни теми, кои како што вели се актуелни во воспитно-образовниот систем.

– Тоа е еден интередисциплинарен пристап на поврзани теми со образование, педагогија, психологија, филозофија, вели Барбареев.


Прашан дали институциите и сите чинители размислуваат за образованието, Барбареев со потврден одговор, но смета дека е потребно уште повеќе.

– Потребно е посилно да ја подигнеме свеста во општеството и јавноста дека тоа е едно од клучните базични теми и не само декларативно да зборуваме, туку да станеме свесни дека тоа е клучната тема во ова општество и секојдневно да работиме на подобрување на тие процеси,а не само кога се појавуваат одредени актуелни теми, подвлече Барбареев.

Забележа дека на сите процеси во образованието им е потребно најитно да направат исчекор, а тие процеси треба да бидат мултидисциплинарни. Според Барбареев, последните случувања не се само последица на одредени состојби во образованието, туку на состојбата во која се наоѓа нашето општеството. Прашан за последните анализи дека за пет години е дуплиран бројот на одлични ученици, а дури 92 отсто од родителите „фаќаат врски“ за да им обезбедат подобар успех на своите деца, Барбареев со одговор дека потребно е да се менува системот за оценување.

– Тоа е тема што подолго го мачело ова општество. Не е само тема овие 10-15 години. Концептот на оценување, е концепт стар повеќе од четириесет години. Тој концепт мора да се менува, заради тоа што, денес ако не сте одличен Вие не може да го продолжите понатамошното образование, вели Барбареев.

Промотори на книгата „Размисли за образованието“ беа академик, Блажо Боев и универзитетските професори, Трајче Стојанов и Артан Лимани.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK