Почетен настан од проектот „Иновативни општински дигитални решенија во Општина Тетово“

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Тетово денес организираше конференција како почеток на проектот „Иновативни дигитални општински решенија во Општина Тетово”. Со средства на Европската унија, локалната самоуправа во соработка невладиниот сектор, Фондацијата Албиз ќе работи на подобрување на квалитетот на животот во општина Тетово преку дигитализација на услугите кои се се нудат на граѓаните.

Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами истакна дека дигиталната трансформација е неопходност, не е само тренд, туку пред се потреба, за да им служи на граѓаните и правните субјекти.


-Дигитализацијата на локално ниво ја претставува првата слика за граѓаните ако државата е функционална, ефикасна или систем преоптоварен од бирократијата, ставајќи ги во втор план граѓаните кои ја финансираат. Дигитализацијата обезбедува транспарентност, инклузија и простор, создавајќи предуслови за добро и ефикасно владеење. Преку дигитализација и користење на дигитални платформи и алатки, граѓаните, медиумите, социјалните организации, бизнисите, ќе имаат пристап до информациите потребни за процесите и услугите. Ваквата трансформација ќе создаде јасни стандарди и ќе го поттикне користењето на општинските услуги од страна на локалните граѓани и бизниси. Јавната администрација и општините ќе имаат потенцијал да бидат најбрзиот, наједноставниот и најважниот извор на информации, процеси и услуги кои имаат влијание врз животот на граѓаните, изјави Касами.

Проектот „Иновативни дигитални општински решенија во општина Тетово“ е со буџет од 616.055,76 евра, од кои 523.647,40 евра се финансирани од Европската Унија.

-Целта на овој проект е да се олесни пристапот на самите граѓани до услугите кои што се обезбедуваат од страна на општината. За овој проект ЕУ има доделено повеќе од половина милион евра кои што се во форма на грант. Процесот на дигитализација на услуги не е лесен, ниту за оваа земја ниту пак за земјите членки на ЕУ. Ова е пилот –проект и во зависност од успешноста ЕУ планира да го реплицира овој проект и во другите општините. Парите се веќе обезбедени, ние со нетрпение очекуваме да го реализираме проект за придобивка на самите граѓаните. Од голема важност е овој проект да биде успешен, изјави Штефен Худолин, шеф за соработка во Делегацијата на ЕУ.

Почетокот на проектот беше на 17 јануари 2022 година и се очекува да трае 40 месеци. Општина Тетово и Фондацијата Албиз се главни корисници на овој проект и се одговорни за неговата реализација.

-Овој проект е многу важен да креираме политики, тие услуги што ќе ги дава Општина Тетово да ги даде на високо ниво, да ги дигитализираме преку овој проект. Ова е пример за меѓусекторска соработка, помеѓу општината, фондацијата Албиз од невладин сектор и ЕУ придонесува за подобар живот за граѓаните, изјави Бесир Дерњани, директор на Фондација Албиз.

Проектот предвидвува создавање на геоинформативна ИКТ општинска платформа со фокус на урбанистички и инспекциски услуги, дизајн на мобилни апликации за општински услуги и друго.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK