Училиштата во повеќе градови во Србија утринава добија дојави за бомби, а за некои од нив веќе е утврдено дека се лажни, јави дописникот на МИА од Белград.
Утринава дојави за бомби добија седум училиштата во Нови Сад, две основни училишта во Горњи Милановац, како и во училиштата во Прањани и Таково.
Во полициската управа во Чачак било пријавено дека на е-маил адресите на Машинско-медицинското училиште пристигнала е-пошта за поставена бомба. Две средни училишта во Ниш утринава исто така добиле електронска пошта за поставени бомби.
На 10 локации во Крагуевац утринава имаше информации дека се поставени бомби и тоа во осум основни училишта, Втората гимназија во Крагуевац и Економскиот факултет.
По извршениот контрадиверзивен увид било утврдено дека се работи за лажни пријави во училиштата во Ниш, Чачак и Горњи Милановац.