Проектот „Жените пчелари како двигатели на позитивни промени во Северна Македонија“, ќе биде промовиран денеска со почеток во 10:30 часот во Занаетчискиот дом во Куманово. Како што информираа од Центарот за развој на североисточниот плански регион Куманово, на промоцијата на тригодишниот проект, финансиран од Министерството за надворешни работи на Словенија ќе присуствуваат градоначалници, претставници од образовни институции, од организации од областа земјоделство и пчеларство, подрачни единици на министерства, граѓани, пчелари.
АДРА Словенија е главен изведувач на Министерството за надворешни работи на Словенија, а АДРА Македонија е локален партнер за спроведување. Проектот има за цел да ги зајакне пчеларските семејства во областа на органското пчеларство со акцент на вклученоста на жените и младите од руралните средини каде што доминира земјоделството како индустрија во Североисточниот и Вардарскиот регион на Северна Македонија кои сè со висок степен на емиграција во градовите.
Како што предвидува европското законодавство успешните граѓански петиции мораат да бидат разгледани од страна на Европската Комисија. Иницијаторите на петицијата за земјоделство кое ги негува
Со проектот се очекува да бидат опфатени 50 жени пчелари, од двата региони кои се обучени да стопанисуваат во областа на органското пчеларство, да се едуцираат за маркетинг и продажба на мед, да се воспостават 25 пчеларници отпорни на екстремни временски услови. Преку проектот ќе се формира медоносен научен пчелен парк за првпат од таков тип на Западен Балкан за едукативни цели и промоција на женското претприемништво во областа на органското пчеларство.
На настанот ќе се обратат претставници од АДРА, градоначалници од двата региони и пчелари