Нуклеарната централа Запорожје повторно приклучена на електичната мрежа

nuklearna centrala
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинската нуклеарна централа Запорожје, што е под руска окупација, околу пладне повторно беше приклучена на електричната мрежа, соопштија властите, откако нејзината работа беше прекината од руските ноќни ракетни напади.

Укренерхо повторно го воспостави снабдувањето на централата со електрична енергија од украинската електрична мрежа, објави украинскиот државен оператор на Телеграм, пренесува Радио Слободна Европа.


Украинската атомска агенција Енерхоатом претходно денеска соопшти дека поради нападот на руските сили во текот на ноќта била исклучена преостанатата високонапонска линија што ја поврзува електраната со украинската мрежа.

Прекин на струја во нуклеарната централа е потенцијално опасен инцидент и се случи на неколку пати во изминатиот период поради бомбардирање околу централата.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) на 7 мај повика на обезбедување мерки за безбедно функционирање на најголемата нуклеарна централа во Европа, откако руските окупаторски сили организираа евакуација на населението од тој дел на Украина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK