Спор меѓу Австрија и Унгарија за ослободување од затвор на шверцери со луѓе

УНГАРИЈА РОМАНИЈА СПОР
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Одлуката на Будимпешта да ослободи странски државјани осудени за трговија со луѓе предизвика протест во соседна Австрија, која денеска го повика унгарскиот амбасадор на разговор.







Владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан во април донесе одлука со која се дозволува ослободување на странски државјани осудени за шверц со луѓе под услов да ја напуштат земјата во рок од 72 часа, наведувајќи ја пренатрупаноста во затворите како причина.

– Сметаме дека тоа е сосема погрешен сигнал, изјави австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг пред состанокот на Европската унија во Брисел, додавајќи дека бара „целосно разјаснување“ од Будимпешта.

Австрија е главната дестинација за криумчарените мигранти кои преку Унгарија од Балканот стигнуваат до центарот на Унијата, а Виена смета дека ослободувањето на шверцери со луѓе е безбедносна закана.

Унгарската рута продолжува да привлекува многу мигранти и покрај зголемените патроли на граничната полиција и челичната ограда што ја изгради Унгарија по миграциската криза во 2015 година.

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска на брифинг со новинарите го бранеше ослободувањето на затворениците, велејќи дека тоа е „суверена унгарска одлука“.

– Депортираме странски криминалци и подобро е тие да ја напуштат земјата, рече Сијарто по разговорот со Шаленберг.

Повеќе од 13 отсто од луѓето во унгарските затвори се таму поради трговија со луѓе, изјави портпаролот на унгарската затворска служба Ѓерѓ Макула за индекс.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK