Ана Стојановска и Дритон Вејсели во првата македонска доку-серија „Радиус“

Radius Bibloed 436x267 v1
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Викендов на МТВ 1 и Алсат почна да се емитува новата доку-серија „Радиус“ и во моментов најпопуларните македонски актери Ана Стојановскa и Дритон Вејсели ги видовме во улоги кои ќе ве освојат на прва.

Првата македонска доку-серија ги раскажува автентичните приказни од Балканот. Секоја епизода е нова авантура, ново патување низ два града, две села или два региони во гранична област помеѓу Македонија и секоја од нејзините соседни земји.


Линк од Trailer https://www.youtube.com/watch?v=idWatw2SLNs

Ана блеска со својата компетитивност и подготвеност за акција. Таа е ранобудник со иницијатива секогаш подготвена за нови откритија. Наспроти неа го имаме Дритон кој е повеќе „турни ме да кинисам“, со телефонот во рака постојано го бара пократкиот пат до целта, а попатно неизбежно ги открива местата со најдобра храна. Не може да не ги засакате поради нивната уникатност, снаодливост и свежиот хумор.

Приказните во секоја епизода се оние кои не поврзуваат но и не прават посебни, поврзани се со културното наследство, традициите и вредностите кои се заеднички за народите на Балканот, вкусната храна и прекрасната природа на регионот, како и луѓето во чии животи и професии се препознава важноста на минатото, но и погледот кон заедничката иднина.

Првата епизода, во која Ана и Дритон ja истражуваат магијата на традиционалното занаетчиство и рачните изработки во Скопје и Призрен веќе е достапна на платформата Gley и на YouTube каналот Радиус.

Погледнете ја првата епизода на линкот https://youtu.be/t7F0TsNyHWw

Серијата беше финансирана од Европската унија, во креативна и извршна продукција на ОХО и предвидено е да има 15 епизоди, во првата сезона. Ќе се емитува секоја недела на МТВ 1 од 18.45 часот и на Алсат М од 18.10 часот.

Добредојде во нашиот отворен круг. Ова е Радиус!

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK