„Фу фајтерс“ го најавија Џош Фриз како нов тапанар

тапанар
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Групата „Фу фајтерс“ откри дека нивниот починат тапанар Тејлор Хокинс ќе биде заменет со искусниот Џош Фриз, познат по соработката со многу други бендови.







Фриз бил член на составот „Вандалс“ од 1989, и на „Дево“ од 1996 година. Во кариерата долга над три десетлетија, тој соработувал и со Дени Елфман, Стинг, „Офспринг“, „Ганс ен роузес“, „Визер“, „Парамор“, „Најн инч нејлс“ и „100 Гекс“.

Хардрок составот во јануари најави дека ќе продолжи со свирки и настапи и по смртта на Хокинс. Како што објавија: „Без Тејлор, никогаш немаше да станеме бенд каков што бевме. И знаеме дека во иднина ќе бидеме поинаков бенд без Тејлор“.

Фриз ќе настапи со бендот на 24 мај, на почетокот на новата турнеја.

 

Тоа ќе биде прв нивен настап по двата концерта посветени на Хокинс кон крајот на септември. На нив им се придружија Пол Макартни, Марк Ронсон и поп-рок составот „Квин“, а и самиот Фриз свиреше на тапаните на Хокинс.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK