– Во текот на изминатата вечер во периодот од 23.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.
Како што соопшти МВР, при контролата санкционирани се 19 возачи, кои биле исклучени од сообраќај.
За време на контролата биле санкционирани и 24 други видови прекршоци.
МВР потсетува дека акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.