Атрактивната водителка уште еднаш докажа дека за неа годините се само бројка. На Инстаграм таа сподели серија провокативни фотографии од кои навистина застанува здивот.
Иако има 55 години, британската водителка Аманда Холден ги урива сите стереотипи за жените во педесеттите години, благодарение на својот стил и волшебен изглед.
View this post on Instagram
Таа е многу активна на социјалните мрежи, каде редовно споделува моменти од својот приватен и професионален живот, а нејзините гламурозни модни комбинации често привлекуваат големо внимание во јавноста.
Неодамна, таа на Инстаграм објави серија провокативни фотографии во жолто бикини, на кои доаѓаат до израз нејзината витка линија и исончан тен.
Според информациите, водителката моментално престојува во Абу Даби, каде ужива во сончевите денови и заслужениот одмор.
View this post on Instagram
Корисниците на социјалните мрежи беа воодушевени од глетката и го преплавија делот за коментари со пофалби за нејзиниот младешки изглед.
„Преубава“, „Не можам да поверувам како изгледаш…“, „Би сакала да имам такво тело на 55 години“ – ова беа само дел од коментарите…