Зеленски најави дека ќе зборува на самитот на Арапската лига во Џеда и ќе ја претстави украинската формула за мир

zelenski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Украина Володимир Зеленски ја започна посетата на Саудиска Арабија, објави Укринформ, повикувајќи се на негова објава на „Телеграм“. Ова е негова прва посета на саудиската монархија откако беше избран за претседател на Украина.

Шефот на украинската држава пристигна во саудискиот град Џеда со авион на француската влада. Таму ќе учествува на самитот на Арапската лига. За овој самит форум тој беше поканет директно од Саудиска Арабија, а не од Арапската лига.


– Пристигнав во Саудиска Арабија. Ќе зборувам на самитот на Арапската лига. Ќе се сретнам со престолонаследникот Мохамед бин Салман Ал Сауд и ќе водам други билатерални преговори, рече Зеленски. Тој информираше и дека меѓу приоритетите на неговата посета е враќањето на сите политички затвореници од Крим и другите територии привремено окупирани од руските агресори, како и сите заробени и незаконски депортирани граѓани.

Освен тоа, Зеленски има намера да ја претстави украинската формула за мир, во чија имплементација, според него, неопходно е да се вклучат што повеќе земји, како и да се разговара за гаранцијата за енергетска безбедност следната зима.

„Друг приоритет е заштитата на муслиманската заедница во Украина. Со нас е Мустафа Џемилев, водач на кримскиот татарски народ. Крим беше првиот што настрада од руската окупација и повеќето од луѓето кои се репресирани во окупираниот Крим се муслимани, додаде Зеленски.

„Кралството Саудиска Арабија игра значајна улога и сега сме подготвени да ја подигнеме нашата соработка на ново ниво“, напиша Зеленски на Твитер.

Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман ја играше улогата на посредник во руско-украинскиот конфликт во минатото. Минатата година тој постигна дипломатски триумф откако обезбеди ослободување на 10 странци кои Русија ги држеше заробени во Украина.

По средбата во Џеда, се очекува Зеленски оттаму да замине за Хирошима за да присуствува на дел од самитот на Г7, кој почна денеска во јапонскиот град Хирошима и ќе трае до недела.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK