ЕУ ги повика земјите од Г7 да соработуваат во производството на чисти технологии

eu
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Европската Унија ги повика на соработка земјите од Г7 во производството и промоцијата на чисти технологии.







Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во своето обраќање на самитот на лидерите на Г7 што се одржува во Хирошима, Јапонија, ја истакна важноста на соработката во глобалната економија.

– И покрај сите геополитички предизвици, транзицијата кон чиста енергија се забрзува, рече Фон дер Лајен, истакнувајќи дека оваа трансформација нуди бројни можности за раст.Ќе се фокусираме првенствено на зајакнување на системот за почисто производство во Европа, истакна таа.

Потсетувајќи дека Европскиот зелен договор е објавен во 2019 година и дека во таа смисла приоритет е брзото проширување на инвестициите во обновливите извори на енергија.

Фон дер Лајен нагласи дека сега треба да се стави фокусот на набавка на производи од обновливи извори на енергија.

„Треба да воспоставиме нови структури за соработка во чиста технологија.

На самитот во Хирошима, чиј домаќин е јапонскиот премиер Фумио Кишида, учествуваат лидерите на Соединетите Американски Држави, Франција, Велика Британија, Германија, Канада и Италија.

Покрај земјите од Г7, на Самитот учествуваат и Европската Унија, Индонезија, Индија, Јужна Кореја, Австралија и Виетнам.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK