Квинта повика на воздржаност на северот на Косово

kvinta
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Земјите од Квинта (САД, Франција, Италија, Германија и Велика Британија) ги повикаа сите актери во Косово, вклучително и локалните заедници, итно да соработуваат со цел да се постигне решение што овозможува „одржлива партиципативна претставничка демократија“ во четирите општини на северот на Косово, каде, како што наведуваат, на 23 април, согласно уставните и законските обврски на Косово, се одржаа избори за четворица градоначалници и две општински собранија, јави дописникот на МИА од Белград.

-Сепак, по бојкотот на значителен дел од српската заедница, резултатите од тие избори не претставуваат долгорочно политичко решение за овие општини, се додава во соопштението, кое во име на Квинта го објави Стејт департментот.


Квинта нагласува дека не треба да има потези или иницијативи, вклучително и од новоизбраните градоначалници и општинските собранија, кои не се во интерес на народот или кои можат да доведат до зголемување на тензиите.

Ова, меѓу другото, се однесува и на примена на повеќе од административни овластувања и на процесот на преземање на функцијата, бидејќи не постои обврска градоначалниците да дадат заклетва во општините, порачаа од Квинта, нагласувајќи дека „сите страни треба да се воздржат од употреба на сила и потези кои поттикнуваат тензии и конфликти“.

-Го поддржуваме дијалогот под покровителство на Европската унија со цел нормализирање на односите меѓу Косово и Србија, вклучително и потребата за итен напредок за формирање Заедница/Асоцијација на општини со српско мнозинство, се заклучува во соопштението на Квинта.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK