Албанија вторпат домаќин на најголемата воена вежба во Европа „Бранител 2023“

albanija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за одбрана Нико Пелеши денеска објави дека во Албанија вторпат ќе се одржи заедничката мултинационална воена вежба „Бранител 2023“ (DEFENDER), предводена од Европската команда на САД, на која ќе се демонстрираат интерактивните способности на САД со сојузничките и партнерските армии на НАТО.

Пелеши на социјалните мрежи објави видеоснимка од првата заедничка вежба оценувајќи ја како „многу значајна улогата на Албанија во оваа многу важна вежба за регионалната безбедност“.


Албанија, како доверлив партнер и како стратешки јазол на регионалната безбедност, ќе игра клучна улога во оваа важна вежба. Горди на оваа улога, покажувајќи ја нашата максимална поддршка и посветеност на сите војници и персонал, кои се дел од оваа многу битна мисија. Нашата соработка и поддршка е суштинска за мирот и стабилноста во регионот, наведе Пелеши.

Во воената вежба, што ќе се одржи од 22 мај до 23 јуни, ќе учествуваат повеќе од 7.000 американски војници и 17.000 мултинационални војници од повеќе од 20 сојузнички и партнерски земји.

Вежбата ќе ја искористи способноста на Армијата на САД во Европа и Африка да служи како Заедничка команда на копнените сили и како безбедносен партнер во стратешки важните балкански и црноморски региони, истовремено поддржувајќи ги активностите во Северна Европа и Африка, наведуваат албанските медиуми.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK