Вархеји во Сараево: Задоволен сум од работата на новиот совет на министри на БИХ

varheji
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Европскиот комесар за соседство и проширување Оливер Вархеји денеска во Сараево изјави дека е задоволен од работата и иницијативата на новиот состав на Советот на министри на БиХ со цел исполнување на 14-те приоритети на Европската комисија за БиХ да стане членка на ЕУ.







„БиХ доби статус на земја кандидат и тоа беше поттик за тоа што го правиме денес и во наредниот период“, рече Вархеји, отворајќи го политичкиот форум на високо ниво за европската интеграција на БиХ.

Тој додаде дека лидерите на ЕУ ја сакаат Босна и Херцеговина како партнер и таа земја да стане членка на ЕУ.

„Вие сведочите за ангажман кој е силен и ќе доведе, се надевам, до конкретни резултати. Она што денеска го видов и слушнав е доказ за работата на овој состав на властите на сите нивоа“, рече еврокомесарот.

Според неговите зборови, на државно ниво новата власт е формирана во рекорден рок, а потоа е формирана власт и на ниво на Федерацијата Босна и Херцеговина.

„Кандидатскиот статус беше клучен фактор во овие случувања и се надевам дека тоа ќе биде дополнителен мотив да се исполнат 14-те клучни приоритети за влез во ЕУ“, рече Вархеји.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK