На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 197 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 55 санкција, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за непрописно престројување на возила.
Изречени се четири мерки за некористење сигурносен појас, четири санкции минување на затворен сигнал (црвено светло)…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.