Пезешкијан: Иран никогаш нема да попушти пред претераните барања на САД


677z381_Pezeskijan.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Техеран никогаш нема да попушти пред, како што ги нарече, претераните барања на Соединетите Американски Држави и дека ќе продолжи да се спротивставува на американскиот притисок.


Пезешкијан ова го порача за време на виртуелен состанок посветен на разгледувањето на кандидатурата на Мехрдад Ахлаги Кетабчи за нов министер за одбрана на Иран, објави иранската новинска агенција ИСНА.

Иранскиот претседател му оддаде почит на претходниот министер за одбрана, Азиз Насирзадех, кој загинал во американско-израелските напади во февруари оваа година.

Тој оцени дека иранските вооружени сили, со својата посветеност и способноста да се спротивстават на американско-израелските напади, го воодушевиле светот.

Пезешкијан нагласи дека на Иран сега, повеќе од кога било, му се потребни стручни кадри и посветени припадници на вооружените сили.

Тој повтори дека Техеран нема намера да нападне ниту една земја, тврдејќи дека Иран не го сторил тоа ниту во изминатите два века.

Говорејќи за кандидатурата на Кетабчи, Пезешкијан изрази задоволство од неговата досегашна работа како вршител на должноста министер за одбрана и ги повика пратениците во иранскиот парламент да го поддржат неговиот избор.

Кетабчи е искусен функционер во иранската одбранбена индустрија. На почетокот на октомври, Пезешкијан го предложи за нов министер за одбрана.

Претходно, Кетабчи раководел со Иранската организација за воздухопловна индустрија и извршувал високи функции во секторот за развој на ракетно вооружување.

Против него Соединетите Американски Држави и Обединетите нации вовеле санкции поради активности поврзани со иранската ракетна програма.

Кетабчи официјално ќе ја преземе функцијата министер за одбрана доколку неговото именување биде потврдено од иранскиот парламент.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK