Првата работа секој што треба да ја знае за да се променат сите младински политики, за да се почне нешто поубаво во Македонија, е да се одбере Христијан Мицкоски за премиер и да се одбере ВМРО-ДПМНЕ. Во Куманово никогаш не виделе нешто убаво, особено во капитални инвестиции или слично. Првиот човек на владата е од Куманово, а не гледаме дека се посветува дали направил нешто, кон Куманово и младите. Нема апсолутно ништо. Затоа мора народот да излезе во поголем број за да победи ВМРО-ДПМНЕ, изјави од трибината „Младински политики“ во Куманово, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.
Велат младите си заминувале, како да не си заминуваат, кога се потпишува договор за автопати, се префрлаат 120 милиони евра за дигитализирани автопати, не постојат тие, а некој ги земал парите. Секој млад човек сака да биде во ЕУ, многу се селат таму, додаде Мисајловски.
Мисајловски посочи дека од ЕУ делегацијата им велат да не ги поминуваат законите со ЕУ знаменце, а од власта на сила ќе ги поминат.
– Полни им се устите на СДС и ДУИ кои се нарекуваат ЕУ пратеници, реформска влада за патот кон ЕУ, а зарем се оди во ЕУ кога оттаму ти велат не ги носи овие закони? Зарем тоа е нормално? Затоа младите се разочаруваат. За да завршиш една работа треба да бараш врски, ако отидете на еден шалтер мора да знаете некој од СДС, ако сакате да завршите работа во институција. И тоа ги разочарува младите, рече тој.
Мисајловски нагласи дека многу убави проекти од ВМРО-ДПМНЕ ќе стигнат за младите кое секогаш им дава шанса.
– Ни треба рестарт, да престане да се потпишуваат договори за да се краде. Оваа власт се бандити и криминалци и крадат, ги интересираат провизии. Во Куманово нема ниеден голем проект, премиерот и министерот за внатрешни работи се од Куманово, еден куп функционери а никој не се грижи за ништо, сите инфраструктурни проекти се започнати од времето на ВМРО-ДПМНЕ кое е бренд за проекти, затоа многу квалитетни млади кадри има и се приклучуваат кон ВМРО-ДПМНЕ и Унијата на млади сили, изјави Мисајловски,
Мисајловски на крај исто така предупреди дека има мали партии кои ветуваат се и сешто, но ништо не прават, имаат една задача да ги земат гласовите на ВМРО-ДПМНЕ и да помогнат на СДС и ДУИ.