Мицкоски: Ковачевски е исплашен, бега од избори, од дебата, се плаши да ја поднесе потпишаната оставка- кукавичлукот нема да ги спаси од одговорност

Христијан Мицкоски
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ја злоупотребуваат Европската Унија за да крадат, а фатени се живи како крадат. Фатени се апла како имаат намера да профитираат од проект вреден неколку милијарди евра. И прават грешки затоа се во паника, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната трибина за младинските политики на партијата одржана во Куманово.







Мицкоски посочи дека Димитар Ковачевски е исплашен човек кој нема храброст да се соочи со народот, кој бега од избори, бега од дебата, кој се плаши да ја поднесе својата потпишана оставка.

Уплашени се, колку и премиерот да ни држи лекции за неговото разбирање на сленгот за зборот храброст, кој го кажува на вулгарен и недостоинствен начин. Тоа што се удира во гради не го прави храбар и сето ова доаѓа од човек: кој бега од служење во македонската армија,   човек кој бега од избори и соочување со народот, човек кој се плаши да ја поднесе потпишана сопствена оставка, и постојано се предомислува, човек кој бега од соочување на јавна дебата за делови од коридорите 8 и 10 Д. Тој не е храбар, тој може само да е едно, а тоа е кукавица. Бегството и кукавичлукот знај дека нема да те спаси од одговорност. Ќе ве поразиме, а потоа ќе одговарате, порача Мицкоски.

Мицкоски од Куманово и порача на власта дека ќе следи одговорност за неправдите кои му ги прават на народот и за секој криминал.

Победата е на прагот. Ќе ве победиме и ќе одговарате за секоја неправда направена врз овој народ. За она криминално владеење на главната корпорација во Македонија Демократска унија за интеграција и нејзиниот подизведувач СДСМ. За сeкоја уништена шанса, тендер во 4  очи, за тоа што се однесувате како газди над туѓите животи. Мора да има одговорност, катарза на општеството, прочистување на нечесните од чесните. Ново преструктуирање на решителна борба против криминалот, затоа што не смеат тие да бидат посилни од Македонија, нема да бидеме да бидат посилни од народот, истакна Мицкоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK