Потомците на некогашните жители на село Рајчица го одбележаа патронот на возобновената црква

hram
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Иако во помал број потомците на некогашните жители денеска го одбележаа патронот на пред 12 години, возобновената црква „Свети Атанасиј Велики“, позната меѓу мештаните и како „Свети Атанасија-Летни“, во горното мало на селото Рајчица на 1,5 километар од Дебар.

Одбележвањето почна со палење свеќи за здравје, а потоа и богослужба што ја одржа отец Макариј од Бигорскиот манастир, во сослужение со сестрите од манастирот „Свети Георгиј Победоносец“.


Се до шеесеттите години од минатиот век, само во оваа, една од четирите маала на селото Рајчица, викана Влаовци, живееле повеќе од 20 православни семејства, со над 100 членови, денеска ниту едно.

– Со нивното иселување црквата останала на забот на времето и речиси целосно беше оштетена. Ете со божја промисла, сега покојниот Киро Радоешки ја возобнови и денеска сум тука од каде што потекнува мојата мајка, каде како што ми кажуваше, се крштевале, венчавање и погребување, вели Велјо, кој живее во Дебар.

Благодарение на ктиторот Киро Радоешки, по потекло од оваа маала а живееше во Дебар, кој почина пред неполна година, а кој знаеше да каже, дека душата не можела да му се смири се додека не го возобнови разурнатиот божји храм, денеска црквата го има приближно истиот лик, како порано.

Кум на празникот беше токму неговиот син Перо Радоешки со семејството, исполнувајќи го дадениот татков аманет.

Црквата „Свети Атанасиј Велики“ започнала да се гради на место каде што постоела помала црквичка, во 1868 година, а била осветена во 1875 година. Неколкупати била уривана, но повторно обновувана. Возобновената црква беше осветена 2011 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK