Кумановската полиција, секторот за внатрешни работи Куманово и претставник од сообраќајниот испитен центар „Топ Драјвер“ организираа трибина насловена „На матура без автомобил, алкохол и психотропни супстанции“, соопшти денеска СВР Куманово.
– На трибината посветена на темата околу безбедно одбележување на матурските прослави, а под мотото – матурантите беа запознаени со неопходноста од одговорно однесување, потоа за мерките и последиците од непочитување на законските прописи од областа на сообраќајот и од областа на јавниот ред и мир, а се со цел прославите да минат безбедно и мирно пред сè во интерес на младите, наведуваат од кумановската полиција.
Трибината се одржа со матурантите од средното општинско училиште „Перо Наков“, „Сами Фрашери“ и „Наце Буѓони“ од Куманово.