Инфо-сесија во Охрид за финансирање одржливи решенија во зелената и сината технологија

OHRID INFOSESIJA
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Акцелераторот за сина економија при Универзитет за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле” од Охрид в петок ќе одржи Инфо-сесија на која ќе биде презентиран отворениот повик за финансирање на компании што нудат одржливи решенија во областа на зелената и сината технологија.







Според објавениот повик што е во тек, на таквите компании им се нуди можност за аплицирање за грант во висина од 50 илјади евра, како и приспособено деловно советување, изложеност на инвеститоритеи ментори, и пристап до модерен простор за оние што ќе се квалификуваат.

На Инфо-сесијата заинтересираните ќе имаат можност да се запознаат со критериумите за учество во акцелераторот, како и да добијат одговори непосредно од организаторите на грантовата шема.

Согласно повикот, добредојдени сите компании со седиште во Југозападниот регион на кои примарната дејност е во секторите на одржлив развој, производство и логистика, туризам и агрикултура, како и информатичка и комуникациска технологија.

Акцелераторот за сина економија Охрид го имплементира „Prime Blue Institute“ од Охрид во партнерство со Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“, Програмата е поддржана од проектот #eu4eg, кофинансиран од Делегацијата на Европската Унија во земјава и германското Сојузно министерство за економски прашања и климатски активности (BMWK).

Проектот е имплементиран од ГИЗ во партнерство со АСП и поддржан од БМВК и Централноевропската иницијатива.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK