– Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска од 08:30 до 12:30 часот поради одржување на триатлон натпревар, ќе бидат презмени мерки за посебен режим на сообраќај во дел од Скопје.
Стартно-целната позиција на натпреварот е Спортскиот центар „Борис Трајковски“, а натпреварувачите ќе се движат на дел од улиците околу СЦ „Борис Трајковски“ и дел од бул.„Илинден“ (десна коловозна лента), потоа на потегот од крстосницата со бул.„8 Септември“ до крстосница со ул.„Никола Парапунов“ и обратно.
Сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива трката.