Приведен велешанец, понудил поткуп за да биде ослободен

20230513183730_big_730x400_81
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полициски службеници во Велес денеска го привеле И.Д.(24) поради сомнение дека извршил кривично дело „давање поткуп”, по член 385 ст.1 од Кривичниот законик, соопшти МВР.  При преглед кај него, извршен околу 00.50 часот на ул.„Димитар Влахов” во Велес, кај него била пронајдена  поголема сума на пари, по што бил приведен за понатамошна постапка.

Во текот на спроведувањето кон Полициска станица Велес, И.Д. им понудил пари на полициските службеници за да го пуштат. Откако му било укажано дека со нудењето пари прави друго кривично дело, тој понудил поголема сума за да биде ослободен.  Лицето е задржано во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK