Во Штип „Генералка викенд“ низ училиштата и кај Сончев град

shtip_#454353454
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Во акцијата „Генералка викенд“  во која беа  вклучени претставници од  Општина Штип заедно со комуналните претпријатија и сите основни и средни училишта на територија на општина Штип денеска се чистеше во кругот на училиштата и на локацијата кај Сончев град. Комуналниот инспектор при Општината, Борче Везенков, на прес-конференција рече дека е задоволен од собраната количина отпад и се  надева оти акцијата од година во година ќе стане сè помасовна.

-Акцијата се спроведува на територија на цела држава и тоа од 12 до 14 мај, значи петок, сабота и недела. Денес ние чистевме, собиравме отпад на локацијата над Сончев град, во зелената шума. Можам да кажам дека собравме одредена количина отпад и тој ќе биде предаден на организаторите. Тие имаат обврска до 16 мај да дојдат и да го преземат собраниот отпад, вели Везенков.


Посочи дека акцијата е од важен карактер за општините, бидејќи во зависност од количината собран отпад добиваат садници кои ќе се насадат и одгледуваат. За секои 10 килограми собран отпад се сади по едно дрво. За собраниот отпад ќе се погрижат локалните комунални претпријатија, Пакомак и Нула отпад со соодветна селекција и рециклирање, а на дел од локациите ќе има и тимови од Црвен крст кои се грижат за безбедноста на волонтерите. Во „Генералка викенд“ Штип учествуваше и минатата година со цел подигање на свеста за зачувување на животната средина за подобар и поквалитетен живот на сегашните и идните генерации.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK