Да се реализираат проектите за коридорите 8 и 10д согласно законските прописи, порачува Спасовски

rabota_avtopat_34535345
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Јас навистина сакам некој да им објасни на граѓаните од Битола и Прилеп дека во овој монент може да се стопира градбата на автопатот што го чекаат 50 – 60 години. Треба да се работи во насока на остварување на сите овие проекти за градење на коридорите 8 и 10д и во таа смисла да се почитуваат сите правила и законски норми што важат во Северна Македонија.

Вака министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одговори на новинарско прашање во врска со договорот за изградбата на делниците од коридорите 8 и 10 со „Бехтел и Енка“, како и за пораката од евроамбасадорот Дејвид Гир за употребата на европското знаменце при носење на законите.


-Ова е еден од најголемите проекти чија реализација е исклучително важна. Градбата на инфраструктурата во една држава значи основа за економски развој, подвлече Спасовски по дефилето „Јас внимавам и безбедно возам“.

Тој откри и дека платата му е сега 153 000 денари.

-Во овој момент е исплатена платата според новите пресметки направени врз основа на одлуката на Уставниот суд. Мислам дека платата е 153 000 денари, рече Спасовски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK