Општина Кавадарци воспостави организиран систем за собирање електронски и електричен отпад

kontejneri otpad
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кавадарци е прва општина во Вардарскиот плански регион која воспоставува организиран систем за собирање елекртонски и електричен отпад, информираа попладнево од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

– За таа цел се поставени контејнери за електронски и електричен отпад во соработка и партнерство со „Нула отпад“. Контејнерите се поставени на пет локации низ општината. На самите контејнери има упатство за користење, како и кои видови електричен и електронски отпад и батерии може да се депонираат во нив. Со ова се прави значаен исчекор на одржливост и заштита на животната средина. Ова ќе придонесе за намалување на опасниот отпад на улиците, дивите депонии кои се создаваат покрај контејнерите и ќе влијае на подигањето на јавната свест, соопштија од кабинетот на градоначалникот.


Со ова, додадоа оттаму,  заеднички придонесуваме да се намали влијанието на овој растечки проблем, но и да продолжи заедничката грижа за почиста животна средина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK