Натпревар за едукативна роботика за деца од 6 до 10 години

robotics_inovation_#453
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Дванаесет тимови од Скопје, Кочани и Тетово денеска ќе учествуваат на натпреварот за едукативна роботика FIRST LEGO League Explore (FLLE) кој ќе се одржи во Приватното средно училиште „Јахја Кемал“ вo Тетово. Натпреварот е наменет за деца на возраст од 6 до 10 години и вторпат се организира во државава, а регионален партнер е Академијата за роботика и иновации од Скопје.







На годинашниот FLLE-натпревар, учесниците ќе работат на актуелните глобални предизвици поврзани со Целите за одржлив развој на Обединетите нации, со фокус кон обезбедување прифатлива, сигурна, одржлива и модерна енергија за сите.

-Учесниците ќе треба да идентификуваат проблем поврзан со темата, со кој реално се соочуваат луѓето, да предложат решение преку создавање иновативен постер, да покажат меѓусебна почит и да ги презентираат основните човечки вештини кои се неопходни за постигнување заеднички цели. Дополнително, тимовите треба да дизајнираат, изградат и испрограмираат робот со користење на LEGO EDUCATION SPIKE Essential или LEGO EDUCATION WeDo 2.0 технологија и да се натпреваруваат со другите тимови од нашата земја, соопшти ПСУ „Јахја Кемал“.

Во согласност со постигнатите резултати, тимовите ќе бидат наградувани во категориите: Победник на турнир, Основни вредности, Решение на предизвик, Програмирање, Постер и Тим.

FIRST LEGO лигата –  меѓународна мултидисциплинарна истражувачка програма е застапена во над 100 земји, вклучително и нашата, со над 600 000 деца и млади од целиот свет кои работат заедно со нивните ментори. Целта е да ги инспирира учесниците да истражуваат во СТЕМ-областите, да решаваат реални проблеми и да создадат подобра иднина за себе и за другите.

За време на подготовките, учесниците се стекнуваат со вештини и способности неопходни за животот на 21 век, вклучувајќи креативност, љубопитност, критичко и претприемачко размислување, тимски дух, емпатија, самодоверба, комуникација и почит. Тимовите работат на подготовките во текот на целата година за да го покажат своето знаење на националниот натпревар кој се оддржува еднаш во годината.

Во тек е пријавување на тимови од деца и млади на возраст од 6 до 10 и од 9 до 16 години од територијата на Република Северна Македонија, за сезонатa 2024 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK