Во штипската гимназија „Славчо Стојменски“ наставата се одвива нормално

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По вчерашниот случај со пораката на матурант во штипската Гимназија „Славчо Стојменски“, а која учениците и родителите ја протолкувале како заканувачка, денеска во соопштението на Јавно обвинителство се наведува дека Основното јавно обвинителство-Штип е известено за настанот.

– Станува збор за пријава против полнолетно лице – матурант за наводни закани преку објава на една социјална мрежа. Се преземаат повеќе дејствија за проверки со цел да се испита дали пораката која во основа не содржи изрични директни закани упатени кон некого би требало да се протолкува дека имала заканувачка намера. Како дел од дејствијата извршен е претрес во домот на лицето, се вршат разговори со пријавениот, неговото семејство и соучениците и се преземаат сите потребни дејствија за расчистување на настанот. Лицето е задржано во полициска станица 24 часа, се вели во соопштението од обвинителството.


Директорот на СОУ „Славчо Стојменски“-Штип, Марјан Арсов вели дека наставата денеска се одвива нормално. Во текот на вчерашниот ден итно е свикан Наставнички совет, како и вонредни родителски средби на кои се дискутирале актуелните случувања. Арсов посочува дека од денес е засилена безбедноста во училиштето. Технички персонал го контролира влезот и излезот на секој во училишната зграда. Донесено е одлука матурантот да не доаѓа на училиште се до 18 мај.

Од СВР-Штип потврдуваат дека е зголемено присуството на полицијата надвор од училиштата, завршен е и распитот со матурантот, по што е пуштен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK