„Генералка викенд“ во општина Кисела Вода

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во тек голема еколошка акција на територијата на општина Кисела Вода, како дел од иницијативата насловена „Генералка Викенд“, чии организатори се компанијата „Ман енд маунтајн“ (Man and mountain) заедно со „Пакомак“ и граѓанската организација „Нула отпад“. Во акцијата се вклучени општинската администрација, сезонските работници, градинките и училиштата, волонтери, кои го собираат отпадот од сите месни и урбани заедници.







– Собирањето на комуналниот и кабастиот отпад и косењето на тревните површини преку организирани акции е една од активностите кои ние, како локална самоуправа, ги спроведуваме редовно, но и дополнително, доколку се утврди потреба на некоја локација. Како дел од нашиот акциски план, со уште една организирана еколошка акција, Општина Кисела Вода започна уште минатата седмица. Нашите сезонски работници во сите месни и урбани заедници косат, чистат, кабастиот отпад бесплатно го собираат од околу 220 семејства кои се пријавија на нашиот повик, изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски.

Тој нагласи дека денеска акцијата е уште помасовна, во партнерство со организацијата „Мен енд маунтајн“, на кои им честита за одличната идеја и организација.

– Се надевам дека сите заедно ќе ја постигнеме визијата за чисти и еколошки општини со граѓани со високо развиена свест за одржување на здрава животна околина, рече Ѓорѓиевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK