Приведен криумчар на мигранти, во „ауди“ пронајдени 11 лица мигранти

policija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар Југ вчера во 08.15 часот кај Железничката станица Неготино, го лишиле од слобода А.Г.(39) од Богданци.

При преглед во патничкото возило „ауди“, кое го управувал со регистарски таблички од друго возило, иниформираа денеска од МВР, пронајдени се 11 лица мигранти од Сирија, од кои четири малолетници.


– Имено, претходно, тој бил забележан на регионален пат Демир Капија-Неготино, кај с.Тремник, но не застанал со возилото на даден знак од полициски службеник и се обидел да побегне, но набргу фил фатен и лишен од слобода. А.Г. бил задржан во полициска станица, возилото било одземено, а мигрантите биле сместени во прифатно-транзитен центар, соопштија од МВР.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK