Средба Марковски – Румбулаку: Одлична соработката меѓу македонската и албанската полиција

markovski rumbulaku
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Генералниот директор на албанската државна полиција Мухамет Румбулаку денеска беше домаќин на амбасадорот на Република Северна Македонија во Албанија, Данчо Марковски, информираа од кабинетот на Румбулаку.

Двајцата соговорници високо ја оцениле добрата соработка меѓу полициите на двете земји и изразиле подготвеност за проширување на соработката во иднина.


– На средбата беше договорено во текот на летната туристичка сезона да има заеднички патроли во крајбрежните области на двете земји, за создавање капацитети на граничните премини, со цел да се елиминираат долгите редици, за зголемување на размената на информации за спречување и сузбивање на прекуграничниот криминал, што може да се развие со искористување на големиот проток на граѓани кои влегуваат или излегуваат на премините, стои во соопштението.

Исто така станало збор и за 24-часовно функционирање на граничниот премин Требиште – Џепиште, кај Дебар за да се овозможи слободно движење на граѓаните кои живеат во овие области, а кои моментно имаат ограничено движење, бидејќи истиот е од локален карактер.

– Амбасадорот Марковски го информираше директорот Румбулаку со барањето на директорот на Центарот за меѓународна соработка на Северна Македонија, да оствари средби со колегите од државната полиција, со цел потпишување меморандум за соработка меѓу двете земји, не само во рамките на соработката за управување со границите, туку и во областа на организираниот криминал и тероризмот, се наведува во соопштението.

Заеднички став бил дека меморандумот ќе ги елиминира бирократијата и пречките во однос на размената на информации во реално време потребни за развој на заеднички операции, за заеднички гранични патроли итн.

– Директор Румбулаку го увери амбасадорот Марковски во посветеноста на државната полиција во борбата против незаконитоста, криминалот воопшто и организираниот криминал особено, како и определбата на државната полиција тесно да соработува со партнерите, бидејќи само на тој начин можеме да имаме подобри резултати во борбата против организираниот криминал и глобалниот криминал, особено кибер-криминалот, се нагласува во соопштението.

На крајот од средбата, амбасадорот му се заблагодарил на генералниот директор и му честитал за визијата и резултатите кои Државната полиција ги постигнала и го поканил во посета на полицијата на Северна Македонија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK