Општина Велес го одбележа 9 Мај, Денот на победата над фашизмот. Во чест на жртвите на фашизмот, делегација на Општина Велес, советници, политички партии и претставници на институции, денеска се поклонија пред стотината загинати борци во текот на Народноослободителната војна, а чии коски почиваат во Спомен костурницата од НОВ и во нивна чест положија букети свежо цвеќе.
На 9 мај1945 година со потпишувањето на безусловна капитулација на нацистичка Германија официјално беше ставен крај на Втората Светска Војна која однесе 50 милиони животи.