Борел: Шумановата декларација ги постави темелите за европскиот проект

borel
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Високот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел, денеска по повод Денот на Европа, изјави дека пред 73 години со Шумановата декларација се поставени темелите на европскиот проект кој денес се нарекува Европска Унија.

„Европа нема да се создаде одеднаш“, го започна Борел твитот со цитат од декларацијата на францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман, врз чија иницијатива подоцна беше создадена ЕУ.


Борел го посочи 9 мај 1950 година како важен датум во историјата на ЕУ.

„Оттогаш почнавме да растеме се повеќе и да стануваме се повеќе и повеќе обединети. Остануваме одлучни во нашите вредности, за подобра Европска Унија, Европа и светот во целина“, напиша Борел.

Тој додаде дека Шумановата декларација е повеќе од постигнување мир меѓу Европејците.

„Исто така, идејата беше да се направи Европа движечка сила за мир во светот. Да го прославиме Денот на Европа со единство меѓу Европејците и мир во светот“, порача шефот на европската дипломатија.

Пред 73 години, Шуман ја претстави идејата за заедничко управување со производството на јаглен и челик на Франција и Западна Германија, заедно со другите европски земји.

Оваа иницијатива ја роди Европската заедница за јаглен и челик, претходник на Европската Унија, која беше формирана на 1 ноември 1993 година во Мастрихт, Холандија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK