Казни за 322 возачи за брзо возење на територијата на цела држава

policija-stop
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 322 возачи.

Од нив, соопштија денеска од МВР; 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 167 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 155 надвор од населено место.


Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK