Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со директорката на Канцеларијата на Меѓународната фондација за изборни системи – ИЕФС во земјава, Јоана Козма. Од ВМРО – ДПМНЕ известуваат дека на средбата е истакнато дека изборите треба да им овозможат на сите граѓани еднакво и рамномерно учество во изборниот процес, независно каде тие живеат.
Според партиското соопштение, од страна на Мицкоски е изразено задоволство за системската поддршка која ИФЕС ја дава на развојот на изборниот систем во земјава, македонските институции и политичките партии.
На средбата исто така е посочена важноста изборните реформи да се во согласност со вредностите, квалитетите и процедурите во демократските развиени општества.
На средбата учествуваше и секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски.