Работна средба на градоначалникот на Општина Илинден со амбасадорот на Бугарија

ilinden opstina
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски оствари работна средба со амбасадорот на Република Бугарија, Ангел Ангелов.

На средбата, како што е наведено во соопштението од општинската прес-служба, се разговараше за идна соработка и реализација на проекти во делот на социјалната заштита во општина Илинден. Исто така беа разменети и позитивните искуства применети во општините на Република Бугарија.


-На работната средба беше договорено да се продлабочи соработката, да се работи посветено и со силен интензитет во насока на подобрување на условите и квалитетот на живот на граѓаните, се додава во соопштението.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK