​Започна проектот за обнова на улиците во „11 0ктомври Бараки“

kisela voda
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со градежните активности на улица „Петар Драпшин”, во Општина Кисела Вода започна проектот за санација на улиците во населбата „11 Октомври Бараки“.







Како што информираа од општината се работи за зафат кој ќе опфати повеќе од 11 000 квадратни метри површина и ќе донесе подобрување на условите за живот на жителите кои чекаа 30-тина години на оваа активност. За рехабилитацијата на „Петар Драпшин”, средствата се обезбедени од  „Проектот за поврзување на локални патишта” кој се реализира од страна на Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка. Покрај оваа, со реконструктивни зафати Општина Кисела Вода ќе ги опфати и улиците „Ефтим Спространов”, „Лазар Димитров” и „Лав Tолстој”.

-Извршивме увид во отпочнувањето на градежните зафати на улицата „Петар Драпшин”, со чија санација на површина од 8000 квадратни метри, започнува големиот проект за обнова на улиците населбата 11 Октомври бараки. Рехабилитацијата на оваа клучна сообраќајна артерија опфаќа санација на коловозот и тротоарите, што е барање и потреба на жителите веќе 30 години. За оваа значајна градежна активност сакам да се заблагодарам на Министерството за транспорт и врски, преку чиј проект се обезбеди финансиската поддршка од Светска Банка, информираат од општината.

Додаваат дека подобрувањето на локалната патна инфраструктура е значаен сегмент од развојот на секоја заедница

-Паралелно, Општина Кисела Вода ќе санира и други улици во населбата 11 Октомври Бараки. Нов асфалт и тротари ќе добијат и „Ефтим Спространов”, „Лазар Димитров” и „Лав Tолстој”. Се работи за градежна интервенција со вкупна површина од околу 11000 м2 кои ќе бидат завршени за околу три месеци и ќе овозможат нов подобрен лик на улиците и ќе ги направат побезбедни за одвивање на сообраќајот. Дополнително ќе поставиме и ново модерно штедливо осветлување. Досегашните живини, ќе ги замениме со лед светилки. Како што најавив во текот на вчерашниот ден, ја продолжуваме традицијата со крупни инфраструктурни проекти да ја комплетираме прославата на значајните настани во општина Кисела Вода, па така, и овој проект е првиот од неколкуте капитални кои во седмицата што е пред нас ќе ги промовираме, во рамки на одбележувањето на патрониот празник 6 Мај, истакнал градоначалникот Орце Ѓорѓиевски при увидот во отпочнувањето на градежниот зафат на ул.„Петар Драпшин”.

Од Општина Кисела Вода информираат дека инфраструктурните проекти што ќе се реализираат во склоп на одбележувањето на 6 Мај, ќе продолжат во текот на целата седмица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK