Привршува изградбата на адреналинската патека-„пам-трак“ во Струмица лоцирана во Градскиот парк во Струмица.
Како што информираше градоначалникот Костадин Костадинов, изградбата на патеката е во рамки на проектот од Програмата за прекугранична соработка со Серес од соседна Грција.
Според него, 95 отсто од работите се завршени и наскоро и официјално треба да биде предадена во употреба.
На патеката се поставени нагорнини и надолнини и рампи за скокање околу кои можат струмичани да возат велосипеди, скејтборди, ролери и тротинети, генерирајќи импулс од движење користејќи го притисокот врз превозното средство.
Околу патеката ќе има и зелена површина на околу 400 метри квадратни, а на влезот на патеката е поставена табла со правила за користење.