Здружението „Етно Ризница“ го објави конкурсот за манифестацијата „Шопска свадба“. Заинтересираните млади брачни парови кои живеат или потекнуваат од североисточниот регион можат да се пријават за избор за зет и невеста на манифестацијата која ќе се одржи по седми пат.
– Конкурсот за манифестацијата веќе е објавен. Деталите се достапни на социјалните мрежи на „Етно ризница“. Преку ова манифестација сакаме да допреме до младите, да не забрават на обичаите, традицијата, да им пренесеме во живот како изгледале свадбите во северисточниот регион, изјави Драган Митевски од здружението.
Здружението „Етно ризница“ ја организира манифестацијата со поддршка на Музеј на град Кратово. Годинешнава седма манифестација ќе се одржи на 24-ти септември на локалитетот Камени кукли во село Куклица.