Полицијата со совети до пешаците за безбедно движење-лани четири пешаци ги загубиле животите во Тетовско

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од викендов започна повеќедневната активност за советување на граѓаните како пешаци и возачи од страна на полицајците во рамките на превентивно-едукативната кампања „И јас и ти сме пешаци“.

Во Тетово и Гостивар на граѓаните им беа поделени летоци на македонски и албански јазик со повеќе информации – како безбедно да се преминуваат улиците, како да се движат пешаците доколку нема обликувани тротоари, да не зборуваат на мобилен телефон додека ги преминуваат улиците и по можност да носат посветла облека во вечерните часови за да бидат навреме забележани од возачите.


-Покрај тоа, граѓаните добија и маички со такви совети, со цел да се придонесе за подигнување на сообраќајната свест и култура на оваа категорија учесници во сообраќајот. Ова, дотолку повеќе што минатата година на поширокото тетовско подрачје беа регистрирани четири загинати и значителен број повредени пешаци, претежно како последица на нивно или невнимание на возачите. Токму затоа, годинава во континуитет се организираат и акциски и други контроли во чие средиште се пешаците, односно колку возачите им даваат предност, но и како тие се однесуваат во сообраќајот, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Носителите на проектот се Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, МВР и Факултетот за безбедност-Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK