Хакери ја нападнаа веб-страницата на романското Министерство за образование

haker
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Хакери ја нападнаа веб-страницата на Министерството за образование во Романија, јави телевизискиот канал Диџи24.

„Романскиот образовен систем е многу лош. Тој не те учи на апсолутно ништо корисно, само те индоктринира со бескорисни информации. Кого можеме да обвинуваме? Учителите? Нема како, тие се поглупави од учениците. Фактот што се согласуваат да работат за плата од … во средина поголема од … го покажува нивото на нивната интелигенција, кое не е многу високо“, се вели во соопштението од хакерите.


Тие апелираат до учениците да престанат да се грижат за училиштето, бидејќи тоа е „губење време“. „Тоа што се учи во училиште 10 години може бесплатно да се добие од YouTube за 10 месеци. Владата ве натера да верувате дека ако немате факултетска диплома, вие сте глупави и ќе имате ниски плати, но сте уште поглупави што им верувате и ги слушате“, се додава во соопштението.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK