Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија ја организира панел-дискусија за Преспа форум дијалог 2023, насловена „Патот кон 2030“.
Како што информираат од МНР, панел-дискусијата ќе претставува воведен настан на третото издание на ПФД2023.
На панел-дискусијата со претставници на граѓанското општество и тинк-тенкови од Балканот и пошироко коишто активно ја следат политиката на проширување на Европската унија ќе се обрати вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.
На панел-дискусијата, пак, со претставници на младински организации кои активно ја следат политиката на проширување на Европската унија ќе се обратат Ами Ларсон Џејн, амбасадор на Кралството Шведска во Скопје, Филип Тосевски, државен секретар во Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, Нами Исаки од Центар за интеркултурен диалог и други.