Регионалната депонија кај светиниколско Мечкуевци се очекува да се стави во функција во 2026 година

sveti nikole livada
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Само мешаниот отпад, односно компост ќе завршува на регионалната депонија кај светниколското село Мечкуевци, што во 2026 година треба да се стави во функција. Ана Каранфилова раководител на Секторот за управување со отпад во Министерството за животна средина и просторно планирање вели дека сите 18 општини отпадот ќе го селектираат и на тој начин селектиран директно ќе се преработува.

За селекција на отпадот предвидена е и набавка на контејнери за селекција на отпадот.


– Граѓаните задолжително ќе селектираат и комуналните претпријатија ќе го собираат одделно отпадот. Она што е селектирано ќе оди директно за преработка кај правни лица кои имаат дозвола за вршење на таа дејност во зависност од типот на селектираниот отпад, а само она што ќе заврши како мешан отпад ќе оди на централната постројка. Ќе има линија за секундарна селекција, вели Каранфилова.

Регионалниот координатор за Источно планскиот регион, Живка Михајлова појаснува дека секој регион  произведува по сто илјади тони годишно отпад. Во самите општини  ќе се селектираат хартија, пластика, метал, стакло, картон односно сѐ она што може да се рециклира, бидејќи зелениот отпад не смее да се носи на депонија согласно европските директиви.

-Првично уште на местото на создавање во самите општини ќе има посебни контејнери каде што ќе се селектира хартија, пластика, метал, стакло, се она што може да се рециклира, картон исто така. Зелениот отпад, био отпадот, трева, гранки, не смее да се носи на депонија според европските директиви кои што ние ги имаме верификувано како држава. Значи и тој отпад ќе се тргни, а тој изнесува некаде околу 45 % и во источниот и во североисточниот регион. Значи, голем дел од отпадот е био отпад, вели Михајлова.

Во Источниот регион претоварни станици ќе има во Штип, Берово, Македонска Каменица и Кочани, а во Североисточниот регион во Куманово и Ранковце.

Јавното претпријатие кое ќе стопанисува со депонијата ќе вработува околу 80 лица, а со работа ќе стартува за две години од потпишување на договорот за градба. Инаку, вкупната вредност на сите активности за изградба на модерна регионална депонија за овие два региони изнесува 40 милиони евра добиени преку ИПА фондовите, а дел од средствата веќе се потрошени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK