Спасовски: Да се биде полицаец, да се биде припадник на МВР претставува посебна чест и огромна одговорност

spasovski_234242432
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 Со посебен пиетет положив цвеќе пред споменикот на загинатите припадници на Министерството за внатрешни работи, во кругот на МВР, а по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција, напиша на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил.


– Овој ден посветен на полициските службеници на Република Северна Македонија, кои практично се хероите на нашето време. За жал, некои од нив, борејќи се за безбедноста на граѓаните и државата, ја дадоа и најскапоцената жртва – своите животи, поради што на овој ден со неизмерна почит се потсетуваме на нив и нанивната храброст, како вечна инспирација за сите нас! Затоа и велиме дека да се биде полицаец, да се биде припадник на Министерството за внатрешни работи – претставува посебна чест и огромна одговорност. објави Спасовски на фејсбук.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK