– Од ЈП Водовод и канализација-Скопје информираат дека денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.8 до ул.16 парните броеви и дел од ул.7 и ул.1 потегот ул. Гемиџиска до раскрсница со село Ракотинци.
Прекинот на водоснабдувањето е поради дефект приклучна цевка на ул.14/8а во село Сопиште.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:20 часот до санирање на дефектот.